Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, денеска во 14:30 часот во село Удово, Валандовско, ги лишиле од слобода Л.Р.(21) и А.М.(20), двајцата од Република Србија.

Како што информираат од МВР, при преглед во возило „мерцедес” со српски национални ознаки, кое го управувал Л.Р., а совозач бил А.М., биле пронајдени четири лица мигранти од Авганистан.

-Претходно, возилото не застанало на знак за запирање, даден од полициски службеници, по што во обид да побегне удрило во столб на бензинска пумпа. Притоа, мигрантите се здобиле со повреди констатирани од екипа на Итна медицинска помош Валандово. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се наведува во соопштението од МВР.