СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против Џ.Љ.(44) и Н.Љ.(40), двајцата од с.Батинци, скопско.

На 02.03.2023 околу 22.10 часот пред угостителски објект во с.Батинци, пријавените физички ги нападнале С.Н. и А.Б., а по преземени мерки и активности тие биле пронајдени и лишени од слобода.

Судија на претходна постапка на двајцата им определи мерка притвор.