Денес, од полициски службеници се лишени од слобода С.В.(33), М.Н. и Ј.С., сите од Виница, затоа што во периодот од 00.05 до 02.00 часот, по издадена судска наредба од Основен суд Кочани, извршен е претрес во куќа во Виница и во патничко возило „тико“, со винички регистарски ознаки, сопственост на С.В., во кое биле пријавените, при што кај С.В. е пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.