Три лица се приведени во акциска контрола во 308 угостителски објекти во периодот од 00.00 до 04.00 часот на територија на Република Северна Македонија.

Од МВР информираат дека приведени се две лица во Куманово затоа што кај нив била пронајдена дрога.

– Во 00.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(22) од Куманово затоа што кај него бил пронајден и одземен амфетамин. Додека, во 02.05 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Т.(30) од Гевгелија затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Исто така, во еден угостителски објект во Куманово бил затекнат малолетник кој бил послужен со алкохол, појаснуват од МВР.

При контрола во угостителски објект во Тетово во 00.15 часот од слобода бил лишен Х.С.(28) од село Мала Речица, тетовско, затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случаите против лицата и правните субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Исто така, при контролата биле констатирани и повеќе прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кои соодветно биле санкционирани.