Парична казна од 150 до три илјади евра или пак затворска казна до шест месеци, со овие казни ќе се соочуваат тројцата луѓе од Скопје кои влечеа коњ со автомобил по улиците.

Објавената снимка покажува како коњот е врзан за автомобил и трча по возилото, но по падот на животното насилно го креваат за да продолжи да трча. Од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ велат дека се уште кај дел од населнието е нормално да се користат животните до нивно малтретирање.

Од Анима Мунди велат дека коњите се секојдневние по улиците како превозни средства и со апел институциите да им помогнат на социјално ранливите категории во делот на работа и егзистенција со цел да нема ниту опасност во сообраќајот ниту малтертирање на животните.

За овој случај известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.