Денеска (22.04.2022) од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес лишени се од слобода три лица, од кои две од Кочани и едно од Велес, поради постоење на основано сомнение дека се сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
-Имено, по преземени мерки и активности во близина на расадник во Велес, околу 06.30 часот полициски службеници ги затекнале Е.М.(35) и С.В.(39) од Кочани, кои биле паркирани со патничко возило „мерцедес“, со кочански регистарски ознаки, како купуваат дрога од Д.В. од Велес.
Откако ги забележале полициските службеници, Е.М. од прозорецот на возилото исфрлил поголемо пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено, а двете лица се веднаш приведени во полициска станица. Малку подоцна е приведен и Д.В., во чиј дом и помошни простории, по наредба на судија за претходна постапка од Основен суд Велес, бил извршен претрес, при што се пронајдени три пакувања со марихуана и една вага, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик, информира МВР.