Уапсени три лица од гостиварско поради шест тешки кражби и кражба во неготинскиот регион и три украдени електрични тротинети. Дел од украденото им е вратено на сопствениците.
МВР информира дека вчера, во периодот од 09.20 часот до 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Ч.(26) од гостиварска Топлица и Е.Ф.(22) и Ј.М.(18) од гостиварски Добридол.
– Тројцата се сомничат дека во изминатиот месец извршиле шест кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ во три објекти во неготинскиот регион, а дополнително одзеле и три електрични тротинети, известуваат од полицијата.
Одземените тротинети се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици.
– Осомничените се задржани и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.