На 19.03.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Д.О.(37) и А.А.(35), двајцата од Битола, а службен разговор во полициска станица бил извршен и со А.М.(27) од Битола.

Тие се сомничат дека извршиле три тешки кражби и две кражби во куќи, патнички возила и спортска обложувалница, од каде одзеле разни предмети и пари.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите против нив ќе следува соодветна пријава.