Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје вчера лишиле од слобода тројца малолетници осомничени за кривични дела „тешка кражба“.

Тие во службен разговор ги признале трите кривични дела за кои постои основано сомнение дека ги направиле на 17.03 и 19.03.2022, а кај нив, како што денеска информираа од МВР, се пронајдени и разни предмети што потекнуваат од кривичните дела кои се одземени и вратени на сопствениците.

Известен е јавен обвинител и тим од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи.

Еден од малолетниците е предаден на полициски службеник од затворска полиција – воспитно поправен дом –Тетово. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.