На 01.12.2022 во 17.10 часот на улица ,,Димитар Влахов“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар, по наредба од Основен суд Гостивар, ја привеле М.Ќ.(46) од гостиварско Врапчиште за издржување на затворска казна, информира МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на затворската казна.