Полициски службеници синоќа во 21:35 го приведоа Б.О. (33) од Скопје, баран за издржување затворска казна од една година и шест месеци, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додаваат дека тој е спроведен во казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на казната.