На 23.06.2022 во 22.00 часот на ул.„Морава“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Чаир го лишиле од слобода Р.Е.(22) од Скопје.

-Тој бил баран по потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик, информира МВР.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.