Имено, како што наведоа од МВР, по пријава примена во СВР Струмица во 11:38 часот, според која на излез од Струмица кон село Дабиле настанал пожар, Д.К. бил затекнат на лице место и задржан.
– Тој е приведен во полициска станица и во консултација со Јавен ообвинител од ОЈО Струмица, по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Пожарот е изгаснат од страна на противпожарна екипа, а увид извршен од увидна екипа на СВР Струмица, посочија од МВР.