Привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица ќе биде отворен од 25 јули до 25 септември, секој ден од 8 до 20 часот

Од 25 јули до 25 септември, привремениот граничен премин Стрезимир – Рестелица ќе биде отворен за граѓаните на Македонија и Косово. Преминот, кој се наоѓа во Луково Поле, ќе работи секој ден од 08:00 до 20:00 часот, информира косовската полиција.

Од полицијата нагласуваат:
Граничниот премин помеѓу Република Косово и Република Македонија е означен како „Стразимир“.

Според соопштението, привремениот граничен премин ќе се користи за културни, научни, професионални, спортски и туристички активности. Преминот е одобрен за патен сообраќај и ќе функционира ограничено. Од 25 јули до 25 септември 2025 година.

Привремениот граничен премин Стрезимир се наоѓа во тромеѓето меѓу Македонија, Албанија и Косово, поточно на заедничката граница меѓу Македонија и Косово. Првпат беше отворен во 2003 година, но поради слаба инфраструктура и мала фреквенција на возила, беше затворен.

Во 2018 година, со залагање на градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, преминот повторно се отвори во летните месеци. Тој се наоѓа на територијата на оваа општина и овозможува пристап за патници и возила.

За преминување ќе бидат потребни истите документи како и на другите гранични премини – пасош или лична карта. Косово веќе има изградено нов асфалтен пат до преминот, а од македонска страна е најавено отпочнување на изградбата.