Годишната министерска конференција на ReSPA, посветена на темата „Идна генерација на управување и иновации во јавната администрација“ утрово се одржа каде се бараа конкретни решенија.
На конференцијата се обрати и премиерот Христијан Мицкоски кој ја потврди заложбата на Владата насочена кон реформите во јавната администрација.
Кои се најголемите проблеми на јавната администрација?
Проблеми на администрацијата кои не можат да се игнорираат се: партизацијата, бавни процеси, недостиг на дигитализација и недоволна транспарентност.
Премиерот Мицкоски е дециден дека проблемите се реални и треба да се најдат решенија, да не биде само сервис на граѓаните туку и партнер во градењето на идните мерки.
Министерот Минчев свесен за проблемите, работи на решавање
Имаме многу бавна јавна администрација. Обединети сме во важна мисија, модернизација на јавниот сектор, како катализатор за доброто управување и европската иднина на земјава, рече министерот за јавна администрација, Минчев.
Преку пилот проекти до делумно намалување на јавната администрација
Во рамки на новите законски решенија, на кои работи работната група во ресорното министерство, ќе се понудат решенија како пилот-проекти кои ќе се однесуваат на делумно намалување на јавната администрација.