Затвореник од КПУ Идризово е прободен со остар предмет од страна на друг затвореник, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје од КПУ Идризово било пријавено дека околу 17:45 часот затвореникот И.И.(35) бил прободен со остар предмет од страна на друг затвореник И.К. Повредениот бил пренесен во амбулантата при КПУ Идризово за укажување на лекарска помош, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, наведуваат од МВР.
Од МВР посочуваат дека се работи на расчистување на случајот.