Три дена за послаб стомак и поефикасно варење

Ако сакате да го намалите стомакот и да се чувствувате полесно, пробајте ја оваа свежа витаминска салата. Јадејќи ја три вечери по ред, телото ќе се прочисти, а варењето ќе се подобри.

Состојки и подготовка

  • 1 главица зелка

  • 2 цвекла

  • 2 моркови

  • Лимонов сок

  • 5 лажици маслиново масло

Зеленчукот се ренда, се додава магдонос или целер по желба и се меша. Се исцедува течноста и се прелива со сок од еден лимон и маслиново масло. Во салатата не се додава сол. Јадете ја секоја вечер барем три часа пред спиење најмалку три дена, а по седум дена може да направите пауза.

Салатата изобилува со витамини, минерали, влакна и пектини кои го подобруваат варењето, го регулираат цревата, даваат чувство на ситост и енергија.

Три правила за максимален ефект

  1. Време на консумирање: Јадете ја три часа пред спиење за телото да ја обработи храната и да започне со детоксикација.
  2. Забрана за сол: Солта задржува вода и предизвикува подуеност, па не се додава.

  3. Хидратација: Пијте минимум два литра вода дневно за влакната да ги соберат токсините и масните наслаги и да ги исфрлат од телото.

Со овие правила, салатата помага за прочистување и подобрување на формата на телото по само три дена.