„Кралот” на фудбалот, легендарниот Пеле почина денес во Бразил на 82-годишна возраст.
Едсон Арантес до Насименто Пеле беше еден од најголемите фудбалери во историјата, па да се потсетиме на неговите достигнувања.
Точниот број на голови кои Пеле ги постигнал во кариерата е предмет на спорење. Според официјалниот сајт на ФИФА Бразилецот има 1281 гол на 1363 меча, но во оваа бројка се вклучени голем број на голови од пријателски и неофицијални натпревари. Според Институтот за спортска статистика, Пеле има постигнато 767 официјални голови на 831 меча, а доколку се додадат неофицијалните голови бројката достигнува до 1282 гола.
Пеле учествувал на четири Светски првенства и има 3 титули во 1958, 1962, 1970 година. Најголем придонес Пеле има во освојување на првата титула во 1958 година во Шведска кога постигнува 6 гола. Во 1962 година нема голема улога во титулата поради повредите. Во 1970 година во Мексико Пеле се враќа во одлична форма и ја освојува и Златната топка.
Големите трофеи кои ги освоил Пеле се:
Светски титули – 3, Титули во Бразил – 6 , Копа Либертадорес – 2 , Интерконтинентален куп – 2
Пеле во кариерата играше само за два клуба, Сантос од 1956 до 1974, каде има статус на вистинска легенда и Њујорк Космос од 1975 до 1977 година.