Нови 30 дена притвор за младата велешанка Пале И. (23), чиј случај во септември ја потресе Македонија. Причината за продолжувањето на притворот е што нема готови резултати од вештаците, за „Фокус” откриваат роднини на велешанката.
Младата девојка заврши зад решетки, откако 40-годишниот полициски службеник Александар Р. со кого живеела во вонбрачна заедница ја фатил за врат и започнал да ја дави, по што таа го избодела со нож. Самата повикала Итна помош, а медицинската екипа констатирала смрт кај полицаецот, со прободување со нож во граден кош.