Ве известуваме дека поради техничките проблеми кои настанаа поради преоптоварување на системот, Министерството за култура информира дека рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2024 година се продолжува до 8 ноември (среда), до 23:59 часот, соопштуваат од Министерството.
Нагласуваме дека во последните 24 часа пристигнаа над 800 пријави и апелираме да не се чека последниот момент за да избегнеме попречување во аплицирањето од технички аспект.
Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.