Во Собранието за денеска се закажани продолженија на 74. и 126. седница.

На дневен ред на 74. седница се Предлог на законот за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност – во прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење – во прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за основното образование – во прво читање и Предлог на резолуцијата против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици.

Во рамки на 126. седница пратениците ќе расправаат за Предлог на законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина, Владата на Република Бугарија, Владата на Република Хрватска, Владата на Унгарија, Владата на Република Северна Македонија, Владата на Црна Гора, Владата на Република Србија, Владата на Словачката Република и Владата на Република Словенија за соработка и координација на потрагата и спасувањето во областа на воздухопловството, Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Романија за зајакнување на соработката во областа на внатрешната контрола и спречување и борба против корупцијата, Предлог на законот за ратификација на Протоколот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален Совет за изменување на Спогодбата од 14 април 2000 година помеѓу Македонската Влада и Швајцарскиот Федерален Совет за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот на доход и данокот на капитал, Одлуката за изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.