Се продолжува рокот за електронско аплицирање за Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година. Одлуката официјално ја соопшти Министерството за култура и туризам. Новиот краен термин за доставување на пријавите е продолжен до 6 ноември во 15:30 часот.

„Ги повикуваме сите заинтересирани да аплицираат во предвидениот рок, а помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците и оваа година ќе може да побараат во секторите во Министерството за култура и туризам“, се наведува во соопштението.

Пријавувањето на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година се врши исклучиво со електронско аплицирање преку Националниот портал за е-услуги на официјалната адреса uslugi.gov.mk.