Се продолжува рокот за електронско аплицирање за Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година. Ова официјално го соопштија од Министерството за култура и туризам, информирајќи ги сите потенцијални апликанти за новите рокови.

Според официјалното известување од надлежното министерство, новиот краен рок за доставување на пријавите се продолжува до 6 ноември (петок), најдоцна до 15:30 часот.

„Ги повикуваме сите заинтересирани да аплицираат во предвидениот рок, а помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците и оваа година ќе може да побараат во секторите во Министерството за култура и туризам“, се наведува во соопштението.

Пријавувањето на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година се врши исклучиво преку електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги преку официјалната веб-адреса https://uslugi.gov.mk.