Продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Во судницата во „Идризово“ денеска продолжува судскиот процес поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Рочиштето се одвива со сослушување на сведоци предложени од Јавното обвинителство.
На претходното рочиште, одржано во понеделникот, се сведочеше за начинот на кој била набавена и користена пиротехниката, а воедно беше отворено и прашањето за можните институционални пропусти.
Сведоштва за документацијата и инспекцискиот надзор
Единствената вработена во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани сведочеше дека во институцијата не била доставена документација поврзана со дискотеката „Пулс“.
Таа посочи и дека градот со години немал инспектор за заштита и спасување, што дополнително го отвори прашањето за контролата и надзорот во овој сегмент.
Се очекува одлука за барањето на Папазов
На денешното рочиште се очекува јавниот обвинител да се произнесе и по барањето на поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов.
Тој побара мерката куќен притвор да му биде заменета со мерки на претпазливост.
