Тие денеска работат на потегот кој го следи Јужен булевар до местото наречено Рампа, информира Општина Кисела Вода.

– За оваа локација, иако е под надлежност на друга локална самоуправа, до Општина Кисела Вода секојдневно пристигнуваат бројни поплаки за нехигиена. Токму затоа од утрово таму се косат тревни површини, се мете, со камион се расчистува наталожениот смет, со цистерна се перат улиците и тротоарите, се вели во соопштението.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски посочи дека нивна обврска да им овозможат на граѓаните чиста и здрава животна средина.

Во текот на вчерашниот ден, сезонските работници го исчистија Паркот на бранителите во Драчево, а од Општината најавија дека генералното чистење на општината продолжува и во наредниот период.