Велат автобуси нема, а оние кои ќе се појават на постојките ги чекаат со часови. Попладнево сликата што ја сними камерата на Алфа не беше ништо поразлична од онаа пред почетокот на учебната година.
Дел од граѓаните велат дека ситуацијата малку се подобрила и дека сега не чекаат толку долго како претходно и дека автобуси има.
И додека Скопјани со месеци се мачат како да стигнат до посакуваната дестинација, оти автобусите доцнат, речиси редовно се преполни и често се расипуваат, градоначалничката Арсовска никако да најде решение за хаосот.
Таа се изема од оддговорност, а вината ја побара во Советот. Проблемот со приватниците се провлекуваше со месеци, а вчера ЈСП волшебно најде пари и им исплати 80 отсто од долгот, по што тие од вчера попладнето пак почнаа да возат.
Инаку на ЈСП му недостигаат автобуси за да биде покриен зимскиот возен ред, кој почна во неделата, но засега нема никаква информација до каде е поправката на 40 автобуси за кои директорот на претпријатието се заложи дека ќе ги сервисира.