Оставките на Стевкова и Герасимовски денеска ќе се најдат на дневен ред на Судски совет. Блупринт групата очекува дека и останатите ќе преземат ваков чекор.

Заменик министерката за правда пак не ги коментира оставките, но негира политички влијанија врз ова судско тело.

Проблемите ќе се пресликаат и во извештаите на ЕУ, сметаат невладините, а шведската амбасадорка предупреди дека унијата одблиску следи се` што се случува во правосудството.

Во меѓувреме кулминираше и незадоволството на вработените во стручната служба на Судскиот совет. Излегоа на штрајк и се заканија дека нема да сопрат се` додека надлежните не обезбедат пари за исплата на додатоци на плата во износ од 30 проценти.

Бараат и потпишување на анекс договор за измена на колективниот договор. Од Судскиот совет претходно им порачаа дека ќе мора да почекаат ребаланс.