Денеска 09.10.2021 година ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи четири митинзи за претстојните локални избори.

17:30 часот во Росоман – локација: Центарот на Росоман, на кој ќе се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски;

18:30 часот во Градско – локација: Амфитеатарот во паркот, на кој ќе се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски;

19:30 часот во Чашка – локација: Плоштадот во Чашка, на кој ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски;

21:00 часот централен митинг во Велес – локација: Плоштад Срмаале, на кој ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски;

Од СДСМ пак ќе бидат низ повеќе места во Македонија. Централниот караван „Најдоброто за мојата општина“ денеска е во Охрид.

Претседателот Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на Општините Маврово -Ростуше, Дебар, Вевчани и Струга, а вечерва ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на Општина Охрид пред хотел Палас од страна на Кеј со почеток во 20:00 часот, каде ќе има и свое обраќање.

Вториот караван ќе биде во Општина Шуто Оризаре, каде потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски ќе се обрати на граѓанска трибина со почеток во 18:00 часот, а претходно потпретседателот Спасовски ќе биде на средби со граѓаните на општините Сарај и Ѓорче Петров.