ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ која денеска ќе биде во општината Штип.
Во 12:00 часот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе оствари средба со здравствените работници пред Клиничкиот центар во Штип, проект кој е од најголемо значење за општината и околните места, но е заборавен од владата.
Веднаш по завршувањето на средбата, изјава за медиуми ќе даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Понатаму, Мицкоски ќе присуствува во пуштање на употреба на мост пред зградата на општина Штип.
Мицкоски ќе оствари средба со претставници од образовните институции и студенти пред Ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“.
Потоа, Мицкоски ќе изврши увид на изградба на капитален проект „Обиколница“, проект кој ќе биде финансиран од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски продолжува на средба со граѓаните во населбата Железничка.
Во 18:00 ќе се обрати пред присутните граѓани кај малиот плоштад пред „Нама“ во Штип.