Димитров денеска и утре ќе биде во посета на Летонија и Литванија.

Според најавите, тема на средбата со високи преставници на тие земји ќе биде поддршката на Македонија кон европските интерграции.

Конкретните реформски чекори за исполнување на европската агенда дома ќе бидат претставени од вицепремиерот а тој ќе ја пренесе и потребата од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ.

Имено, Димитров е на европска работна турнеја, на средби со високи претставници на земји членки на ЕУ.