Скопје со денови живее во сообраќаен хаос поради блокадите на приватните превозници. Блокирани се неколку клучни крстосници поради неисплатениот долг. Кон приватните автобуски превозници.
Градоначалничката Данела Арсовска најави дека денеска ќе биде отворен јавен повик за нови превозници за линиите 20 и 22 но на повикот нема да може да се пријават возачите на „Слобода превоз“ и „Макескпрес“ бидејќи претходно им беа раскинати договорите.