Најмалку 78 лица беа приведени на различни места во Франција синоќа, од кои 20 во Париз, пренесува BFMTV.
Се чини дека беа слушнати повиците за смиреност на властите и роднините на 17-годишниот Нахел, кој беше застрелан од полицаец, бидејќи ситуацијата во земјата беше многу помирна и од 1.30 часот по локално време и немаше извештаи за поголеми инциденти.
Сè уште имаше ескалација на некои локации, за што беше потребна интервенција на полицијата со солзавец, но генерално ноќта беше мирна во однос на претходните пет вечери, а бројот на приведени беше многу помал.
Низ Франција беа распоредени 45.000 полицајци со оклопни возила.
Францускиот претседател Емануел Макрон подоцна денеска ќе ги прими претседателите на двата дома на парламентот, Јаел Браун-Пиве и Жерар Ларше. Утре ќе има средба со над 220 градоначалници на населените места погодени од немирите.