Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Штип на средбата со новинарите беше прашан дали проектот „Безбеден град“ ќе се прошири и на другите градови, а не само на трите кои досега се опфатени.
-Во овој момент се само Куманово, Скопје и Тетово, во тек е надградба на целиот систем, кој ги вклучува автопатишатата. Тука ќе се вклучи и електронско утврдување на сообраќајните прекршоци и секако дека идејата е да се проширува во големите градови каде има поголема фрекфенција на луѓе. Штип е еден од тие градови, рече Спасовски.
Спасовски при посетата на СВР Штип истакна дека источниот регион од Македонија е прилично мирно и стабилно место.
-Сепак секаде што имаме видео-надзор, доаѓа до уште поголемо подобрување на безбедноста и откривачката дејсност на јавната безбедност. Проектот ќе се проширува за да се постигне повисоко ниво на сигурност, рече министерот.