Нашиот модел ја промаши излезноста за некои 4%. Во овој момент конечната излезност на локалните е проектирана на 47% до 49%.

По 13:00 часот, прогресијата на нови гласачи се зголеми во просек за 1% на секои 2 часа повеќе во однос на претходните изборни циклуси.
Интересно е дека отстапувањата се во малкуте општини во кои се очекува тесна битка.

Во овој момент, доколку излезноста се преслика на анкетите, јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ може да очекува над 320.000 гласови на нивните советнички листи. Горна граница не би поставиле, затоа што тоа зависи од тоа колку ќе освојат нивните коалициони парнери и колку ќе паднат СДСМ и Левица. Реално е да се очекуваат и бројки над 350.000.

СДСМ е во меѓупросторот помеѓу 90.000 и 130.000 на советнички листи, со што може да стане трета, па дури и четврта политичка партија во Македонија.

На Левица проектираме максимум од 70.000 гласови (веројатно помалку), на ЗНАМ околу 40.000. ДУИ и ВЛЕН ќе останат во размахот од парламентарните избори.