-Немаме никаква анализа за да видиме кои се позитивните аспекти на класичниот учебник и кои се позитивните аспекти на дигиталниот. Но, не е суштината на учењето да добијат учениците само знаење. Да го поврзам со дигиталните книги, ни наставниците, ни учениците не се подготвени со дигитални вештини. Прашањето за образованието е демократско прашање и ако е демократско, дозволете му на ученикот да учи како што сака, вели проф. Мустафа за Алсат М.
Невраќањето на учениците во училиштата и немањето план тоа да се случи во септември, Мустафа смета дека е апсурд.
-Не се подготвени, но има и други лоши работи. Тие сакаат да заштедат затоа не сакаат да отвораат училишта со физичко присуство. Улиците полни, кафулињата полни, а училиштето не. Затоа, тие сакаат да ја префрлат вината во Бирото или на Комисијата за здравство. Тоа е нетолерантно за мене, додава проф. Мустафа.