Професорот пишува дека со речиси 850 случаи за 14 дена, ризикот е 7 пати поголем од критичниот, а наскоро ќе биде надмината и бројката од 1000 случаи, што некои го нарекуваа и црн аларм.

– Битолчани, мислете му ја… На државно ниво растот веќе подзапира (започнува да се формира врвот на црвената крива), но на локално ниво, во Битола допрва епидемијата се разгорува. Ефективниот репродукционен број Rt неделава достигна многу висока вредност од 1,69 ± 0,74. Да се потсетиме, според критериумите на ECDC (Европскиот центар за превенција на заразни болести на СЗО), 14-дневна инциденца над 120 случаи на 100.000 жители претставува четврт, највисок степен на ризик од ширење на заразата (црвен аларм). Со 849 нови случаи за 14 дена на 100.000 жители, ризикот е 7 пати поголем од критичниот, а за неколку дена веројатно ќе надминеме дури 1.000 случаи, којшто некои го нарекуваат црн аларм. Беше што беше до сега, но во наредните 15-20 дена би требало да се прекине со влегување во било какви затворени простории со многу луѓе (особено без заштитни маски!), кога тоа воопшто е возможно. Дали денешниве 6 починати беа малку, па треба да видиме уште повеќе?, напиша тој на својот Фејсбук-профил.

Битолчани, мислете му ја.. На државно ниво растот веќе подзапира (започнува да се формира врвот на црвената крива), но…

Posted by Дејан Трајковски on Sunday, April 4, 2021