Градоначалникот на Пирот Владан Васиќ синоќа прогласи вонредна состојба во тој град во Србија, откако два вагони-цистерни од воз кој превезувал амонијак се лизнале и паднале во реката Нишава кај Сопотски хан.
Како што објави пиротскиот портал Плусонлајн.рс, 51 лице е хоспитализирано со симптоми на труење поради истекување на гас и висока концентрација на амонијак во воздухот, а поради прогласувањето вонредна состојба училиштата во Пирот денес нема да работат.
Васиќ на прес-конференцијата соопшти дека во 20 вагони имало амонијак, а амонијак почнал да истекува во воздухот и во реката Нишава најмногу од два вагона.
На граѓаните им се препорачува да не излегуваат од своите домови и да не ги вклучуваат клима уредите.