Од утре (13 јули), јули во Македонија ќе настапи кус период на стабилно време, со релативно високи температури и засилен северен ветер, прогнозираат метеоролозите.

„Утре и во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Наместа ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Во среда, во попладневните часови, ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи“, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во среда (15 јули) се очекува краткотрајна нестабилност, по што ќе има постепен пораст на температурите, кои во четврток и петок, како и во деновите од викендот, ќе достигнат 38 степени, велат синоптичарите.