Според Државниот завод за статистика (ДЗС) просечната месечна исплатена нето-платa по вработен, во октомври годинава изнесува 29.145 денари.

Според податоците на ДЗС, највисоката нето плата е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 73.540 денари, следи Останати стручни, научни и технички дејности – 49.352 денари, па Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препрати – 47.933 денари, па Воздухопловен транспорт – 45.656 денари и Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 44.995 денари.