Нерешената трансформација на работниот однос на наставниците доведува до нивна злоупотреба во партиски каравани.
Од Прогресивниот синдикат за образование (ПСО) бараат да се реши статусот на вработените на определено време и сите идни вработувања во образованието да бидат на неопределено време од почетокот на работниот однос.
Тоа е прв чекор кон деполитизација и зачувување на дигнитетот на просветните работници, велат од ПСО.
-Како дел од Сојузот на синдикат на Македонија го делиме заедничкиот став за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор со зголемувањето на минималната плата.
Освен тоа бараме со Закон за наставници и стручни соработници да се регулира идното зголемување на платите во просветата, процентуално, согласно зголемувањето на минималната плата. Тоа ќе придонесе за обединување на интересите на работниците од приватниот и јавниот сектор.
Сведоци сме дека наставниците се злоупотребуваат во партиски каравани, тоа е резултат на сегашниот систем на трансформација на вработувањето од определено во неопределено време со повеќегодишно чекање. Бараме со Закон за наставници и стручни соработници просветните работници да се реши статусот на вработените на определено време и сите идни вработувања во образованието да бидат на неопределено време од почетокот на работниот однос. Тоа е прв чекор кон деполитизација и зачувување на дигнитетот на просветните работници. Доколку СОНК го поддржи ова наше барање ние ќе се приклучиме официјално кон Штрајкот.
Се разбира, нашите членови се интелектуалци и можат секогаш сами да одлучат дали и кога ќе го поддржат штрајкот на СОНК, велат од Прогресивниот синдикат на образованието (ПСО).