Локални врнежи и потопли температури
Времето денеска ќе биде променливо и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд во повеќе делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат меѓу 6 и 13 степени, а дневните ќе достигнат од 14 до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува слична временска состојба – променливо облачно со можност за повремен слаб дожд и слаб до умерен јужен ветер. Температурите ќе се движат од 10 до 19 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови ќе продолжи променливото време со повремени врнежи, освен утре и во сабота, кога ќе преовладува стабилно и суво време. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од југозападен правец, а од недела – од јужен.