Слаб до умерен северен ветер, услови за локални врнежи

УХМР соопшти дека до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и потопло, по што дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во среда се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, а од попладневните часови и во четврток ветерот ќе засилува. Долж Повардарието и во источните делови, повремено ќе се јавува силен северен ветер кој на моменти ќе надминува 50 km/h. Во петок се очекува ветерот да го смени правецот во југоисточен.

Променливо облачно со локален дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните и источните делови ќе има повремен локален дожд, а на моменти услови и за ретки грмежи.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа и силен, со брзина над 70 km/h. Максималната температура ќе се движи од 11 до 18 степени.

Време во Скопје

Во главниот град времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.