Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Најстудено ќе биде во Берово, каде температурата ќе се спушти до 3 степени, а најтопло во Гевгелија, каде дневната температура ќе достигне до 24 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а температурата ќе се движи од 9 до 23 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
