Денеска уште од утринските часови ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Позастапена нестабилноста ќе биде во јужните делови од земјава каде локално врнежите ќе бидат пообилни (над 15 л/м2), проследени со почести грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 25 степени.