Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, а наутро на места ќе има појава на магла и ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во текот на наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време, наутро на места со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува претежно јужен ветер, а утринските температури насекаде ќе се задржат позитивни. Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има врнежи од дожд, кои на места повремено ќе бидат пообилни, особено во недела.