Времето ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 8 степени.

И во четврток ќе се задржи променливо облачно и студено време со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула.