Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени, информираат од Управата за хидрометеролошки работи.
Од управата велат дека пообилни во утринските и претпладневните часови во источните делови каде локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер. Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските и претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
До средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет, пообилни во понеделник. Снежната покривка, особено во западните делови ќе се зголемува.