Денешната прогноза

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на поединечни места се очекува слаб локален дожд, а ветерот ќе дува слаб до умерен од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 10 до 17 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ветерот ќе биде слаб до умерен од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, додека максималната ќе достигне до 15 степени.

Прогноза за наредните денови

На почетокот на новата седмица се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Кон средината на неделата времето ќе биде стабилно и потопло со постепен пораст на дневните температури.

Во четврток ќе дува засилен јужен ветер, додека во текот на ноќта кон петок и во петок под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд.