Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има повремен локален снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 8 степени.
Во сабота ќе дува засилен северен ветер и ќе има повремени локални врнежи од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и суво, од понеделник со подолги сончеви периоди и со пониски утрински и дневни температури.