Променливо облачно време со засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а во утринските часови во северозападните планински региони ќе има услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и локално ќе достигнува брзина до 60 километри на час.
Минималната температура ќе се движи од -4 до 4 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 5 и 12 степени.
Во Скопје облачно со сончеви интервали
Во главниот град времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер, а во одделни делови од котлината повремено ќе биде засилен.
Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 2 степени, додека максималната дневна ќе достигне до 11 степени.
Нова седмица со стабилно време и пораст на температурите
Во текот на новата седмица ќе преовладува стабилно време. Исклучок ќе биде вторник, кога кон крајот на денот, претежно во североисточните делови, се очекува повремен локален дожд.
Утринските температури ќе бидат пониски, додека дневните вредности постепено ќе бележат пораст.
